logo
logo
logo

Трајанов: Изборите се РЕЗУЛТАТ НА НЕЕДИНСТВОТО ВО СДСМ, скопското крило и колиционите партии не беа активни

Vecer | 22.10.2021

Трајанов: Изборите се РЕЗУЛТАТ НА НЕЕДИНСТВОТО ВО СДСМ, скопското крило и колиционите партии не беа активни

„Анализите наши покажуваат дека голем број на гласачкото тело на СДСМ, активисти, членови на СДСМ не излегоа да гласаат. Тоа е точната дијагноза. Значи СДСМ мора да се консолидира, ако сака да има резултат во вториот круг од локалните избори“, истакна Павле Трајанов, претседател на Демократски Сојуз во „Утрински Брифинг“.

Според него резултатот на изборите е резултат на внатрешното неединство во СДСМ и наводниот бојкот на скопското крило во партијата.

Трајанов додаде дека сите 23 партии од коалицијата на СДСМ беа пасивни за време на изборите. Ако се активираат и донесат по илјада гласови тоа се веќе 23.000 – 25.000 гласа.

„Причините за потфрлање на гласовите што ги доби СДСМ и другите партии кои беа во коалицијата со СДСМ, пред се мислам дека е резултат на внатрешното неединство во СДСМ, и затоа се јавија многу независни кандидати и повеќе од сигурно е дека т.н. скопско крило кое што во јавноста лебдеше дека тие нема да го поддржат СДСМ, дека тие гласови отидоа кај независните“, појасни Трајанов.

Трајанов посочи дека има внатрешни поделби во СДСМ и тоа рефлектираше врз гласовите на локалните избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk