logo
logo
logo

Трајанов бара РЕМОНТ и кадровска обнова на безбедносните служби

Vecer | 08.04.2021

Трајанов бара РЕМОНТ и кадровска обнова на безбедносните служби

Последната мега афера со издавање пасоши на припадници на мафијата и лица опасни по безбедноста, само ги потврди оценките дека партизацијата на МВР и другите безбедносни институции, директно ја загрозуваат националната безбедност и ги кочат евроинтеграциските процеси, оценува Демократски сојуз.

„Повеќе од 20 години селекцијата за прием во безбедносните служби ја прават партиите и се доминантни при конечната одлука за вработување, без да се почитуваат цврстите критериуми, базбедносните проверки, тестот на интегритет, здравствената состојба и други параметри клучни за конечната оценка дали некој може да биде дел од највиталните институции во државата. Изостануваат и контролни механизми во работата на овие сектори и служби, има одлевање на класифицирани информации до криминалните групи, бизнисмени, а најмногу до политичките партии“, пишува во соопштението од партијата.

Демократскиот сојуз предлага целосна кадровска обнова (ремонт) и анализа на можните злоупотреби и притоа ги нагласува следните приоритети:

Прво, да се извршат безбедносни проверки за сите вработени во МВР и другите безбедносни сектори, како и тест за интегритет и здравствена способност, проверка на имотната состојба и досегашната работа и резултатите од работата.

Да се забрани членување во политичка партија на припадници на службите за безбедност.

Второ, да се направи ревизија на издадени државјанства, внесени единствени матични броеви, впишувањата во матичните книги на родените, издадени лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, дозволи за поседување и носење на оружје, како и издадени обични, дипломатски и службени патни исправи.

Трето, да се зајакне раководниот тим во МВР со врвни професионалци, да се разработат и имплементираат контролни механизми во работата на сите сектори и МВР да се ослобиди од кадрите кои не ги исполнуваат критериумите за работа во оваа институција.

Според партијата, кадровско прочистување е неоходно и во другите служби за безбедност.

Демократскиот сојуз, како што се додава во соопштението, инсистира Владата и министерот за внатрешни работи, како и другите носители на високи функции во безбедносно-разузнавачките служби, сериозно да ги разгледаат сите овие барања и да подготват планови за нивна реализација. А за состојбите во МВР и другите безбедносни служби да се направи темелна анализа и да се отвори расправа и во Собранието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk