logo
logo
logo

Трајанов: 16-17 пратеници не се на СДСМ, победата ја донесоа помалите политички партии

Vecer | 09.03.2021

Трајанов: 16-17 пратеници не се на СДСМ, победата ја донесоа помалите политички партии

„СДСМ не бил самостојно на избори, СДСМ е во коалиција со 23-4 политички партии. И кога ќе ги презентирате резултатите колку СДСМ освоил пратеници, треба да знаете дека 16-17 пратеници не се нивни пратеници, не се членови на СДСМ, тие се членови на други помали политички партии.

Меѓутоа во јавноста тоа така не се презентира за жал, медиумите во главно и од парламентарната расправа и од другите расправи пишуваат тоа рекол пратеникот од СДСМ и завршува со тоа. Така да поради тоа мора да се менува законот, не може предност да имаат партиите што се поголеми“, истакна Павле Трајанов од Демократски Сојуз во „Утрински Брифинг“.

Трајанов додаде дека не може поголема партија да има четири минути за реклама, а другите партии и вклучително опозицијата да имаат помалку минути за реклама односно 1/5 од тоа, тоа не е фер.

„Сите партии треба да имаат ист третман, на ист начин да бидат третирани и финансирани. Секаде во медиумите треба на ист начин да бидат поддржани. Тогаш ќе имаме рамноправен третман на сите партии и услови за политички натпревар“, нагласи Трајанов.

Трајанов посочи дека Парламентот е нефункционален.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk