logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА: Загина 14 месечно бебе од Македонија во Италија

Vecer | 28.04.2021

ТРАГЕДИЈА: Загина 14 месечно бебе од Македонија во Италија

Животот на четиринаесет месечно бебе од Македонија, прерано згасна во Италија, откако ппаднало од балкон од втор кат во зграда во Понте Гардена.

Висината од кое паднало бебето е е околу десет метри пред влезот во зградата.

Четиринаесетмесечниот Ајас Ибушоски во петокот во околу 19 часот паднал од балконот на вториот кат од зградата во која живееле.

Карабиниери, пожарникари, лекари и екипа за итни случаи интервенирале на самото место. Ајас веднаш бил качен во хеликоптер со кој бил пренесен во болницата во Болцано. Таму лекарите му пружиле прва помош, но повредите биле премногу сериозни, па детето со хеликоптер било транспортирано во Клиничкиот центар во Верона. Битката со времето била залудна, тамошниот медицински персонал и покрај сите напори не успеал да го спаси животот на Ајас.

Како што пишуваат италијанските медиуми најверојатно мајката ќе биде обвинета за негрижа зошто дозволила бебето само да биде на терасата.

Локалните власти ќе обезбедат и психолошка поддршка за семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk