Педесет и седумгодишен работник од Крива Паланка се повредил додека извршувал градежни работи на зграда во изградба на улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје.

– Вчера околу 12:00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека, додека извршувал градежни работи на зграда во изградба на улица „Босна и Херцеговина“, со повреди се здобил А.С.(57) од Крива Паланка. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, се вели во соопштенето од МВР.

За настанот, како што информира МВР, бил известен трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот.