logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА во Лабуништа: Малолетник повреден од струен напон на оградата од својот двор

Vecer | 05.08.2022

ТРАГЕДИЈА во Лабуништа: Малолетник повреден од струен напон на оградата од својот двор

Малолетник од струшкото село Лабуништа е повреден од електрична енергија при допир на оградата во својот двор, соопштија денеска од СВР Охрид.

Според информацијата, синоќа во 21 часот и 10 минути во полициското одделение Велешта, било пријавено дека во приватна здравствена установа во селото Подгорци, со повреди бил донесен малолетник од селото Лабуништа.

– Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека малолетникот се здобил со повредите во својот двор при допир на ограда до која имало ниско поставени жици од далновод. За настанот, известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Увидот треба да покаже како дошло до пренос на електрична енергија на оградата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk