Доцна синоќа некаде околу 1 часот по полноќ во Полициската станица Гостивар било пријавено дека Е.Р.(35) од Гостивар, паднала од балкон.
Жената веднаш била пренесена во Ургентно одделение во Медицински центар Гостивар каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Во моментов се работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.