Млада жена попладнево паднала од шестиот кат на зграда во скопската населба Бутел. Несреќата, како што пренесува Курир, се случила на улицата „Босна и Херцеговина“.

Жената со возило на Брза помош веднаш била однесена во болница, а на лице место е излезена полициска екипа.

Очевидци за Курир велат дека во моментот кога дошла Брзата помош, жената била жива, но во многу тешка состојба.