logo
logo
logo

Згасна уште еден млад живот: Почина 19-годишната девојка од Битолско која беше суспектна на ковид

Vecer | 08.04.2021

Згасна уште еден млад живот: Почина 19-годишната девојка од Битолско која беше суспектна на ковид

Во болницата во Битола почина 19-годишната девојка со Даунов синдром која беше суспектна на вирусот.

Таа беше донесена во тешка клиничка состојба во болницата, веднаш лечена со соодветна терапија, но обидите на лекарите да ѝ го спасат животот останаа безуспешни.

„Девојката почина само неколку часа по приемот, ги презедовме сите реанимациски мерки, но не дадоа резултати, беше во тешка состојба. Таа беше суспектна на ковид, но ги имаше сите особини на вирусот, нема да влезе во официјалната статистика на ковид починати“, изјави за „Независен“, д-р Билјана Гагачовска, директор на битолската болница.

Од потврдените позитивни случаи денеска починаа уште двајца битолчани во болнички услови на возраст од 63 и 69 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk