logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУГА: Најден мртов маж до превртено возило

Vecer | 19.05.2021

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУГА: Најден мртов маж до превртено возило

Синоќа во 19: 40 часот во ОВР Струга било пријавено дека на шумски пат во атарот на струшкото с.Делогожда било забележано превртено патничко возило „нисан примера“, со струшки регистарски ознаки и починато лице во близина на возилото.

Од извршениот увид, предводен од надлежен Јавен обвинител, било констатирано дека станува збор за Т.Д.(76) од струшкото с.Ливада, кој управувајќи го возилото, изгубил контрола и излетал од патот.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk