logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА: 25-годишен кичевчанец си го убил таткото

Vecer | 17.06.2021

ТРАГЕДИЈА: 25-годишен кичевчанец си го убил таткото

Во текот на вчерашниот ден во с.Вранешница, Кичевско, полициски службеници од Полициската станица  Кичево го лишиле од слобода А.К.(25), поради сомнение дека околу 20:30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Ј.К.(48), од кои подоцна починал.

По преземени мерки било утврдено дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која Ј.К. со ловечка пушка му се заканил на А.К..

За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка бокерица калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk