logo
logo
logo

Тортевски незадоволен од изборот на Дамева: Исто како во војска од разводник да конкурираш за маршал

Vecer | 06.12.2022

Тортевски незадоволен од изборот на Дамева: Исто како во војска од разводник да конкурираш за маршал

Изборот на Весна Дaмева за претседателка на Републичкиот судски совет наиде на негодување, главно во правната фела. Со самото тоа што Дамева доаѓа на оваа функција без искуство и од местото стручен соработник во Кривичниот суд и член на правната комисија на СДСМ, адвокатот Александар Тортевски смета дека и самот избор е корупција, зашто на позицијата се поствува нестручно лице кое во даден момент ќе треба да испорача услуга.
Од стручен соработник да конкурираш и да те изберат за претседател на Републички судски совет ти е исто како во војска од разводник да конкурираш за маршал, коментира Тортевски.
https://twitter.com/atortevski/status/1599825313650704384 Весна Дамева беше избрана вчера, откако пред неколку денови оставка си поднесе и Павлина Црвенковска од позицијата претседател на Судски совет и се пожали на притисоците кои ги трпела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk