Тој сам, тие четворица - исходот познат

На 10.10.2018 година во 23.40 часот во Полициската станица Прилеп, М.П.(20) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 23.30 часот на улица „Кеј 9-ти Септември" физички бил нападнат од лицата Ш.С. од село Десово, Б.П. од Прилеп, С.Ф. од село Канатларци и А.С. од село Пешталево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.10.2018 година во 04.30 часот во Полициската станица Прилеп, Д.М.(27) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот во Бизнис центарот во Прилеп физички бил нападнат од лицето И.Б. и уште две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.10.2018 година во Полициската станица Прилеп, М.Б.(27) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот на плоштадот „Методија Андонов Ченто" во Прилеп физички бил нападнат од непознато лице, при што изгубил свест и паднал на земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари