„Тој доаѓа“ Е ДЕКА АХМЕТИ ЌЕ ОДИ НА МИТИНГ ВО ЧАИР, не за Албанец премиер

„Тој доаѓа“ не било слоган како што се шпекулираше за Албанец премиер, туку дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе се појави на партиски митинг во Чаир.
Партијата преку соопштение најави дека утре вечер во спортската сала „Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир ќе се одржи партиски митинг на кој ќе присуствува лидерот Али Ахмети.
Вицепремиерто Артан Груби кој е „мета“ на огнената група изминатиов период постојано зборува со пофалби за својот партиски шеф, што дел од јавноста тоа го толкува за да се одржи на функцијата, па на Фејсбук напиша „Цел Чаир и младо и старо го чекаше ова и е на нозе“, ќе порача Груби.
Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети“, вели Груби преку социјалната мрежа.
Со голема драматика тој порачува дека сите чаирски маала, сите чаирчани се на нозе и дека и големите и мали зборуваат дека тој доаѓа и дека ќе одат да го слушнат неговото обраќање.
„Ветувам невиден спектакл, особено за младите. Не пропуштајте го, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг од кој ќе се гради иднината“, порачува Груби.
„Кампањата „Тој доаѓа“ ИСТО КАКО ПАТИКИТЕ НА ГРУБИ ќе се врати како бумеранг“
Изет Меџити нема да учествува на собирот, бидејќи тоа е собир организиран со притисоци врз гласачите што ги подели.
„Не сме поканети. Тоа е собир на артанисти. Ја тероризираа јавната и државната администрација, добиваат списоци со закани кој ќе учествува. Ќе се носат од сите градови, секаде“, рече потпретседателот на ДУИ Меџити.
Меџити: Во администрација СПИСОЦИ СО ЗАКАНИ ДА СЕ ПОЈАВАТ НА СОБИРОТ НА АРТАНИСТИТЕ во Чаир