logo
logo
logo

Тодороска: Предметот историја и општество е измама на народот, ТАМУ ИСТОРИЈА НЕМА ДА СЕ УЧИ

Vecer | 25.05.2021

Тодороска: Предметот историја и општество е измама на народот, ТАМУ ИСТОРИЈА НЕМА ДА СЕ УЧИ

Предметот историја и општество е чиста измама и манипулација на име на предмет кој апсолутно нема ништо историско во него. Колку да го излажат народот, вели историчарката проф. Катерина Тодорoска за „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

Тодороска потенцира дека во новоформираниот предмет кој ќе се вика историја и општество, историјата ја има во т.н. национални стандарди кои треба да бидат новата наставна програма и истите се донесени надвор од сите норми.

- Ова е надвор од сите нормални ситуации. Секога сме гледале историската наука и учебникот по историја да биде убаво срочен и разбирлив, но ова е надвор од сите норми. Во МОН и БРО донеле национални стандарди за постигање на учебниците на крајот од основното образование. Во историја и општество за четврто одделение стои дека е поврзан со  т.н. национални стандарди, но во нив историја нема. Ова е квази писание, не е настава програма, рече Тодороска.

Воедно, според неа уште еден доказ дека нема да се изучува историја е тоа што во нормативот за наставен кадар стои дека воспитно образовната програма може да изведува лие кое предава одделенска настава или е дипломиран педагог, но никаде во тој норматив не стои историчар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk