logo
logo
logo

Тодороска: Царовска му треба на Заев ДА ИСПЕРЕ 21 МИЛИОН ЕВРА колку што чини реформата

Vecer | 25.05.2021

Тодороска: Царовска му треба на Заев ДА ИСПЕРЕ 21 МИЛИОН ЕВРА колку што чини реформата

Зоран Заев не можеше да избере полош кадар за местото министер  за образование. Мила Царовска мора да прави се што ќе и се рече затоа што треба да испере 21 милион евра колку што чини реформата во образованието, вели историчарката проф. Катерина Тодороска за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Тодороска потенцира дека доколку Мила Царовска не се тргне, пропаѓа државата, бидејќи иднината на државата се децата, а наша обврска е за децата да создадеме нормални услови за учење и живот.

Донесени сме на тенок мраз.  Задачата на МОН им е на сите родители да им го измијат мозокот и да им кажат дека многу  е убаво што за век и векови преку образованието ќе се уништи нацијата и државата. Наставната програма која е донесена за два месеци е надвор од сите стандарди и не смее да помине.

Тодороска нагласи дека толку е штетна наставната програма што во националните стандарди кои се донесени од МОН и БРО, примарно нешто е се освен нашион корен и битие, каде нема историја на минатото туку исклучиво градење на идентитет од постоење на државата откако е променето името во 2018 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk