logo
logo
logo

Тимчо Муцунски пред ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ - ОГРОМНА ПРЕДНОСТ

Vecer | 18.10.2021

Тимчо Муцунски пред ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ - ОГРОМНА ПРЕДНОСТ

Првиот круг од локалните избори заврши. Додека Државната изборна комисија сукцесивно ги објавува резултатите на својата веб страница, партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.

Од 62,37 отсто обработени гласови во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски има освоено 56,67 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Филиповска 25,31 отсто.

Весна Кираџиева од Левица има освоено 11,15 отсто, Билјана Аврамоска Ѓореска од ЛДП 2,41 отсто, додека Миле Петковски од ТМОРО само 0,48 отсто од гласовите.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ синоќа излегоа на улица да ја прослават победата на Муцунски во првиот круг.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk