Тетово доби велосипедски патеки кои станаа вирални во регионот.   Според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи може да се види дека надлежните во градот со црвена боја обележале каде треба да се движат велосипедистите, но има еден проблем, или повеќе.

Од тоа што може да се види е дека тетовските велосипедисти доколку ги користат овие патеки ќе наидат на бројни препреки, како да се каскадери.  Така ивичњаците на тротоарите не се прилагодени за да може тие нормално да возат, но тие што ја цртале црвената лента не се обиделе да отстранат препрека која нејасно е како ќе ја прескокнат со велосипедот.

Овие патеки не останаа незабележани, па твитерџии од регионот напишаа дека Тетово испраќа поздрави.