logo
logo
logo

Tетовска фирма без дозвола флаширала минерална вода и ја продавала цели три години

Vecer | 23.04.2021

Tетовска фирма без дозвола флаширала минерална вода и ја продавала цели три години

Управата за финансиска полиција поднесе три кривични пријави против две физички и едно правно лице оти три години, без дозвола, поленеле вода и ја продавалe како „Шарпланиснка вода – Iam Scardica water“.

Трите кривични пријави се за „Сун анд старс ДОО експорт импорт“ како правно лице и како физички лица за сопственикот и за одговорното лице во истата компанија.

Кривичното дело за кое се товарат е незаконска експлоатација на минерални суровини.

„Пријавените лица во својство на одговорни лица и сосопственици на ’СУН АНД СТАРС ДОО експорт – импорт’ од Тетово, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во период од 01.01.2017 година до 31.12.2020 година вршеле незаконита експлоатација на минерални суровини-минерална вода определени со закон. Спротивно на Договорот за концесија за експлоатација на минерална вода на локалитетот ’с.Првце’, Општина Теарце склучен во 2015 година, спротивно од Законот за минерални суровини и спротивно од Законот за води, пријавените, без да ги обезбедат законски предвидените дозволи за користење на води, за испуштање на вода и за експлоатација на минерални суровини, изворите на минерални води ги експлоатирале, водата ја полнеле во шишиња и истата ја ставиле во промет, со што се стекнале со противправна имотна корист, од продажбата на флашираната вода ‘Шарпланинска вода- Iam Scardica water’ во износ од 28.659.312,00 денари“, извести Управата за финансиска полиција.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk