Тетовец приведен во полиција, ја избол партнерката со нож

Тетовец бил приведен во полиција, откако признал дека ја избол партнерката со нож. Случајот бил откриен изутринава во 8 часот кога во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничката болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена В.М.(49) од Тетово со повреди од остар предмет во пределот на градите, вратот, грбот и дланките.

Поради сериозноста на повредите таа била пренесена во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ и била задржана на понатамошно лекување. По кратко време во полициска станица дошол Б.А.(49), кој пријавил дека во семејната куќа со нож ја избодел В.М. со која заедно вонбрачно живееле. Тој е задржан во полиција, известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари