logo
logo
logo

ТЕТОВЦИ се искршиле од ќотек: Приведени четири лица

Vecer | 08.06.2021

ТЕТОВЦИ се искршиле од ќотек: Приведени четири лица

Пет луѓе се приведени во текот на изминатото деноноќие во Тетово, од кои четири се поради физички напади, а еден поради откриена дрога.  Две лица од четири приведени за физички напади се поради тоа што го направиле врз член од семејството.

-Вчера во 16 часот и 50 минути, 17-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека половина час пред тоа во нивниот дом физички ја нападнал нејзиниот 41-годишен татко кој нешто подоцна лишен е од слобода, а случајот целосно е расчистен и против него ќе следува поднесок. Во 21 часот и 50 минути, приведен е 34-годишниот од тетовски Пирок, кој физички ја нападнал неговата 34-годишна невенчана сопруга. Мажот е задржан во Полициската станица Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Исто така, вчера во 18 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.А на 33 години од тетовско Боговиње, кој околу 17 часот физички го нападнал неговиот соселанец Љ.З.   Во нападот, според пријавеното, М.А. користел и дрвен предмет. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен поднесок.

Околу 23 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.А., затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот на А.А. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk