Доцна синоќа, во 23.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Бањешница“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(20) од Гостивар, удрило во две паркирани моторни возила, и тоа „форд“, со гостиварски регистарски ознаки и „шкода“, со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата, сопатникот во возилото „голф“, С.М. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.