logo
logo
logo

Тешко повреден градежен работник донесен на Клиника

Vecer | 03.06.2021

Тешко повреден градежен работник донесен на Клиника

Шеесет и четиригодишниот градежен работник Д.В.(64) од Скопје со тешки телесни повреди бил донесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.30 часот во СВР Скопје.

-Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со Д.В., кој изјавил дека околу 15.00 часот, додека извршувал работни задачи на објект во изградба на подрачје на Центар, се лизнал и паднал од висина, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен трудов инспектор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk