logo
logo
logo

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА во Струга, четворица повредени меѓу кои двајца малолетници

Vecer | 28.04.2021

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА во Струга, четворица повредени меѓу кои двајца малолетници

На 27.04.2021 година во 18.20 часот на пресекот на улиците „Владо Малески“ и „Пабло Неруда“ во Струга случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(19) од струшкото село Заграчани и „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Р.И. (59) од селото Калишта.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетничка-сопатник во второто возило која е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и едно малолетно лице, констатирани во Општата болница во Струга, информираа од СВР Охрид.

На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk