logo
logo
logo

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПОНИКВА: Едно лице загина, две се потешко повредени во „фолсваген туарег“ кој излетал од патот кон Кочани

Vecer | 28.02.2021

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПОНИКВА: Едно лице загина, две се потешко повредени во „фолсваген туарег“ кој излетал од патот кон Кочани

Едно лице загина, а две се потешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што околу три часа по полноќ се случи во месноста Аеродром на Пониква.

Патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со бугарски регистерски таблички, кое се движело во правец на Кочани, наместо да сврти десно кон градот, продолжило право и излетало во бездната висока неколку десетици метри.

– Изутринава околу 3:15 часот добивме повик за интервенција за спасување повредени лица од сообраќајната несреќа кај Аеродромот, при што од превртеното возило извлековме безживотно тело на девојче кое настрадало на лице место. Другите две лица, момче и девојче кои се здобиле со потешки повреди беа префрлени со возило на итна помош во кочанската болница. Поради специфичноста на стрмниот терен и можноста возилото дополнително да излизга, бевме принудени да го осигураме со јажиња, исткна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Трите лица кои се наѓале во превртеното возило се од кочанскиот регион и се на приближно иста возраст.

Увид на местото на настанот извршија јавен обинител и екипа од Полициската станица од Кочани.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk