logo
logo
logo

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА на патот Кичево-Гостивар: ИМА ПОВРЕДЕНИ!

Vecer | 12.02.2021

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА на патот Кичево-Гостивар: ИМА ПОВРЕДЕНИ!

Во текот на вчерашниот ден во 14 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(55) од Кичево и патничко возило „опел астра“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од Кичево.

Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Битола, се здобила А.М.(19) од Кичево, сопатник во патничкото возило. Со телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево, се здобиле возачот на возилото „опел астра“, 17 - годишен сопатник и И.А.(22), сите од Кичево.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk