Тешка сообраќајка кај Млечен, се судрија џип и мотоцикл

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов кај Млечниот ресторан, во Скопје.

Во несреќата учествувале џип „ситроен Ц4“ со тетовски таблички и мотоцикл.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила околу 15.40 часот. Увидот на местото на сударот сè уште трае и засега нема информации за повредени и за причината на несреќата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари