Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, цените се повеќе растат, платите не го следат трендот на рстење на ценита, а трошоците за живот стануваат се поголеми. Прашање е што прави власта за да ги заштити граѓаните и државата и колку штеди.

Иако првично најавија препораки за штедење, сепак може да се забележи дека тие препораки останаа на хартија.

Така, видовме во криза власта потроши стотици илјади евра за прослава за Рамковниот договор, за што реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска рече дека додека младите ја напуштаат државата, градовите се празнат власта троши пари на граѓаните расфрлувајќи се со прослави како таа вчера за која се потрошени речиси 100.000 евра, пари на граѓаните.

Премиерот Ковачевски уште во март повика да се намали користењето на службените возила и картичките за репрезентации, но и тоа дека сите функционери кои се платени од граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари.

По ваквата изјава на премиерот, следеа низа тендери со кои се трошеа и се уште се трошат буџетски пари, 48 илјади евра за цвеќињата, 37 илјади евра на скап кујнски прибор како и скоро 40.000 евра за апетисани, пилешко месо и ролетни, се бараа ф’стаци и лешници од прва класа, и останати тендери како и тие за вчерашната прослава која заврши а граѓаните платија речиси 100.000 евра, објави ТВ24.

Од буџетските пари, Министерството за одбрана преку 4 јавни набавки ќе троши над 70 илјади евра на сушени модри сливи, маслинки топено сирење, пастеризиран зеленчук, ајвар, кондиторски производи, чоколадо и сушено овошје. Но и ќе организира манифестација по повод 30 годишнината од македонската армија. Од Министерството за одбрана велат дека целта е припадниците на Армијата да добијат оброк согласно сите правила и нутриционистички стандарди, а изведувачите кои ќе настапат со свои песни ќе пејат без пари.

Во време на економска криза, општина Чаир распиша тендер, без да ја наведе планираната сума на пари што ќе ја потроши за сувенири. На тендерот се бараат леени фигури од Скендербег, Мајка Терза, Саат кула и Хасан Приштина, плакети со гравура, стаклени и керамички чаши, стаклени шишиња, дрвени привезоци, изработка на дизајн, печатење на моден картон боите да се персонализирани и со златок отисок на логото на општината. Колку пари ќе бидат потрошени од парите на граѓаните во општина Чаир, градоначалникот Висар Ганиу не одговори, од општината велат дека утре ќе одговорат.