logo
logo
logo

Телата на загинатите во автобуската трагедија во Бугарија пристигнуваат утре. Ќе има поворка низ главниот град

Vecer | 02.12.2021

Телата на загинатите во автобуската трагедија во Бугарија пристигнуваат утре. Ќе има поворка низ главниот град

Утре наутро пристигнуваат телата на 45-те жртви од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија. Од скопскиот аеродром поворката со телата ќе се движи и нив главниот град за граѓаните да можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег. На плоштадот ќе биде поставен и видео ѕид од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

-Бугарската држава ќе обезбеди 2 воено транспортни авиони со кои ќе бидат пренесени жртвите на несреќата утре наутро, изјави Ангел Ангелов, амбасадор на Р.Бугарија.

Во меѓувреме, бугарските медиуми јавуваат дека изутрината камионот кој треба да ги транспортира телата до аеродром час и половина бил заглавен на влезот на главната мртовечница.

Странски експерти констатирале дека банкините на местото на несреќата биле неправилно поставени. Бугарскиот институт за безбедност на патиштата соопшти дека нивната анализа покажала оти заштитната ограда не е поставена според барањата и дека е оштетена поради бројни несреќи кои се случиле на ова место.

-Во средната разделна лента можеме да видиме дека има преинсталирање на објектот. Сигурно имало претходна несреќа во истата област. Приклучокот на заштитната ограда е неправилно монтиран со две завртки наместо четири, по потреба. Ова е причината поради која заштитната ограда се скина и покрај малата брзина со која удри автобусот. Утврдено е и дека недостасуваат знаци, а има и оштетени ознаки, велат од Институтот.

Претходно и државните институции во Бугарија утврдија дека условите на патот не биле безбедни. Кобната делница не е ниту автопат, ниту магистрала, а знаците со определување на брзината се недозволиви за тие услови, утврди Министерството за регионален развој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk