logo
logo
logo

Ташевска Ременски: Заев земјата ја направи хибрид, а тоа е многу повисоко ниво од она што беше заробена држава

Vecer | 05.12.2021

Ташевска Ременски: Заев земјата ја направи хибрид, а тоа е многу повисоко ниво од она што беше заробена држава

-Јас ги читам и ги следам многу повеќе меѓународните извештаи и оние кои што не се во фокус на медиумите, а се длабоко специјализирани во области во кои што професионално делувам и творам. Верувајте, нашето рангирање или добивање на тој епитет хибрид, односно многу повисоко ниво од она што беше заробена држава, можеби треба не свести и како граѓани и секако како партии дека напуштањето токму на оние матрици на делување на кои што сме ги гледале не сме успеале доволно да ги анулираме,истакна Фросина Ташевска Ременски.

Ташевска Ременски додаде дека маскирањето на аномалиите од страна на власта во институциите доведе до поголема корупција, голем клиентелизам, широко распространет непотизам, политизација и партизација на сите процези и институции во државата.

-Треба да ја извадиме земјата од тој хибрид што подразбира користење на легални методи на делување но со примеси на нешто што не е дозволено. А, тоа граѓаните го препознаваат го казнуваат, ни упатуваат пораки колку знаеме да ги читаме не сум сигурна и не сум доволно убедена дека знаеме да ги протолкуваме до крај, појасни Ташевска Ременски.

Ташевска Ременски посочи дека таа многу често пишува на социјалните мрежи и ги критикува штетните политики на власта и раководството на партијата но за жал медиумите не ги пренесуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk