logo
logo
logo

Таравари: Широка Влада е блеф на Заев да се оправда дека ништо не функционира во државата

Vecer | 09.03.2021

Таравари: Широка Влада е блеф на Заев да се оправда дека ништо не функционира во државата

„Кажавме ние и на прес конференција на седми март имавме прес конференција, и пред тоа и претседателот на „Алијанса на Албанците“, господинот Села ги кажа нашите ставови. Ние мислиме дека ова е еден од многуте блефови што ги прави премиерот.

Повторно и ова е еден блеф за да се оправда, нели гледате дека тешко функционира и дека имаат мнозинство кое што е гранично и дека има несигурност со своите коалициони партнери“, нагласи Арбен Таравари во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Таравари додаде дека коалиционите партнери на СДСМ повеќето од нив не се согласуваат со политиките на Заев.

„За да седнеме со некого прво треба да има покана за да се седи. И кога ќе седнеме, ќе го потсетиме Зоран Заев се што имаше ветувано на Албанците. Ако не се сеќава постојат и снимки па нека се потсети“, рече Таравари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk