logo
logo
logo

Таравари: Додека во другите држави околу нас веќе скоро сите се вакцинираат во Скопје има само фрижидери

Vecer | 12.02.2021

Таравари: Додека во другите држави околу нас веќе скоро сите се вакцинираат во Скопје има само фрижидери

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар , кој по професија е доктор во изјава за Сител истакна дека во Македонија има колективен имунитет и оти повеќе од половина од населението веќе го поминало вирусот.

Се надевам дека ќе оди на подобро, сите ние посакуваме што порано да има вакцини иако сметам дека веќе има колективен имунитет во Македонија. Повеќе од половина жители на Македонија веќе го поминаа Ковид-19. Скоро една десетина се јавуваа и беа излечени државните институции. Другите го поминаа дома бидејќи имаат огромна недоверба во системот, рече Таравари.

Тој е незадоволен од досегашното справување со пандемијата од коронавирусот од страна на институциите. За него е смешно што досега ниту една вакцина не е пристигната.

- Да не е трагично би било смешно. Меѓутоа, состојбата е трагична само од први ноември до крајот на јануари има 1.500 починати во Македонија. Рангирани сме 10-ти во светот по смртност и по инфицирани на милион жители. Додека во другите држави околу нас веќе скоро сите се вакцинираат во Скопје има само фрижидери и програма како ќе се вакцинираат, и ништо друго. Дури, ви велам, смешно е дека премиерот се подготвува да причека вакцини на граница, па се одложува, па друга држава кажува дека не е регистирана вакцината и оти немаме програма за вакцинирање. Добиваме информации од други држави, посочи Таравари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk