logo
logo
logo

Таравари: Оваа коалиција е пазарџиска

Vecer | 07.12.2021

Таравари: Оваа коалиција е пазарџиска

Јас мислам дека фасадата на оваа коалиција не е пластелин, јас би рекол повеќе фасадата евроинтеграции, меѓутоа ова е пазарџиска коалиција за жал. Кога седнуваат повеќе партии два, три, пет часа не збореле ништо за евроинтеграции, за развој на државата, за енергетската криза, за инфлацијата што не чека, туку кој што ќе земе, не може друго да се нарече освен пазарџиска коалиција, рече Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Таравари жали зошто оваа пазарџиска коалиција само се занимава со тоа кој каков ресор ќе земе, наместо да се занимава со реалните проблеми со кои што се соочува државата.
– Тие воопшто немаат кадри за одредени министерства, одредени позиции, нагласи Таравари.
Таравари посочи дека оваа коалиција се пазари ова министерство е поголемо, а ова е помало, нив не ги интересира како живеат граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk