logo
logo
logo

Таравари не сака „министерство за бурек“, најавува избори ако АА не влезе во Влада

Vecer | 28.01.2023

Таравари не сака „министерство за бурек“, најавува избори ако АА не влезе во Влада

Алијанса за Албанците чека да види дали владејачките партии ќе ги исполнат нејзините барања за влез во владиното мнозинство и ако тоа не се случи, претседателот на партијата, Арбен Таравари, смета дека најверојатно ќе се оди на избори.
– Доколку АА не влезе во Влада, тогаш 100% нема да бидат обезбедени 80 пратеници и најверојатно ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Доколку влеземе во Влада, тогаш ќе дадеме шанса да се обезбеди бројката од 80, но дали тоа ќе се случи не зависи од нас – рече Таравари.
Тој вели дека нивните барања не се кадровски, туку повеќе програмски.
– Нема веќе Министерство за бурек. Вие знаете дека не прифаќаме такви министерства – изјави Таравари.
Како што се зборува во политичките кругови, цел на Таравари е Министерството за здравство, но Алтернатива, чиј кадар раководи со ова министерство, не попушта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk