Генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, кој воедно е и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари смета дека за бројката од околу 4000 смртни случаи поради Ковид-19 одговорни треба да има.

Тој во емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21 истакна дека тоа се четири илјади семејни трагедии при што наговестува дека ќе покренат интерпелација за министерот за здравство, Венко Филипче.

„Мора да има одговорни бидејќи имаме 4000 починати, а тоа се 4000 трагедии во нашата земја“, рече Таравари, а на прашање на ТВ21 кој треба да понесе одговорност, тој одговори рече:

„Видете, ова е престрашно. Ваков број на починати е сериозно. 4000 починати, тоа се 4000 семејни трагедии. Ќе има интерпелација за Филипче и сериозно ќе дебатираме на оваа тема“, изјави Таравари, генрерален секретеар на Алијанса за Албацните.

Таравари додава дека министерот има обврска да ги покани сопствениците на приватните болници и да побара од нив да помагаат во оваа кризна состојба.

„Ова момент кога приватните болници треба бидат хумани и да помогнат“, додаде Таравари.

Тој додава дека Македонија е меѓу земјите со највисока смртност во светот а од друга страна е на дното по бројот на обезбедени вакцини и вакцинирани граѓани, кој појаснува дека африканските земји Зимбабве и Гана имаат повеќе вакцинирани граѓани ид Македонија.

„Тотална неспособност. Ние не донесовме ниту една вакцина. Србија ни донесе неколку илјади вакцини. Ние сами донесовме многу малку вакцини. Тоа е страшно. Бројките секој ден растат. Еве ќе ви дадам неколку примери, да не зборувам за сериозни земји во Европа, еве видете Африка, видете во Зимбабве, во Гана и други земји имаат повеќе вакцинирани него Македонија“, рече Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.