logo
logo
logo

Таравари: Имав кажано дека од далечина се гледа Ахмети оти не е добар со здравјето, но не е мој пациент, треба да кажат лекарите

Vecer | 01.02.2023

Таравари: Имав кажано дека од далечина се гледа Ахмети оти не е добар со здравјето, но не е мој пациент, треба да кажат лекарите

Мислам дека Али Ахмети има вистински здравствени проблеми и му посакувам час поскоро да има успешна пензија, бидејќи за еден, или за два месеца ќе отиде таму каде што треба, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во гостување за Алсат М, но сега го смени одговорот, пренесе Ина.

На поставено прашање „сега седнувате на иста маса заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Каква е неговата здравствена состојба?“, лидерот на Алијанса вели дека Ахмети не е негов пациент и требало да кажат неговите лекари.

– Во политиката, одвреме-навреме се критикуваме еден со друг, кажуваме понекој збор, што може да биде навредлив. Јас не гледам овде некаков навредлив збор за Ахмети. Имав кажано дека од далечина се гледа оти не е добар со здравјето. Но, тој не е мој пациент, треба да кажат лекарите, ако направи контрола и ако има проблем. Ако нема, тогаш немам што да кажам – изјави вчера Таравари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk