logo
logo
logo

Таравари: Договорот СДСМ-ДУИ е ист како во 2017 година, САМО СЕГА Е ЈАВЕН

Vecer | 23.07.2021

Таравари: Договорот СДСМ-ДУИ е ист како во 2017 година, САМО СЕГА Е ЈАВЕН

Договорот СДСМ-ДУИ е од формирањето на владата во 2020 година, и е идентичен со оној од 2017 година за локалните избори. Но, ете сега беше јавно објавено и разбраа и другите коалициони партнери и сите граѓани, вели гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари по јавното објавување на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ за локалните октомвриски избори.

Тараври како генерален секретар на АА вели дека од опозициската коалиција на партиите на Албанците, Алијанса (АА) – Алтернатива велат дека се отворени за соработка со сите партии кои сакаат промена, транспарентност и правилно и чесно управување со општините.

Тој истакна дека анкетите и искуствата од сегашните градоначалници на коалицијата СДСМ-ДУИ, покажуваат дека главно тие се неуспешни и без кредибилитет кај граѓаните и во вакви окoлности им е потребна соработка со народот за да се запре злото, нетранспарентноста, криминалот и корупцијата на локално ниво.

-  Како коалиција AА-AAA сме отворени за соработка со сите политички партии, граѓанскиот сектор, но и самите граѓани кои сакаат промена, транспарентност и правилно и чесно управување со општините. Сме отворени и подготвени за соработка со сите за да ги донесеме промени за подобра иднина за сите –изјави генералниот секретар на АА, Арбен Таравари за „Слободен печат

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk