logo
logo
logo

Такси превозот поскапува: Ќе има три тарифи кои зависат од цената на горивата

Vecer | 07.07.2022

Такси превозот поскапува: Ќе има три тарифи кои зависат од цената на горивата

Советот за сообраќај на Град Скопје определи три тарифи за такси-превозот во град Скопје, а по која ќе се наплатува, ќе зависи од тоа дали цената на бензинот ќе расте или ќе се намалува. За тарифите треба да се произнесат советниците на наредната седница на Советот, која треба да се одржи на 11 јули, откако претходната беше прекината. Оттаму појаснуваат дека првата тарифа е старата по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората тарифа е 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што ќе биде, всушност, и новата цена по која ќе возат таксистите. Третата тарифа е 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час Овие три тарифи веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници. -Цените во предложените тарифи се оптимизирани со цените на горивата, при што предвид се земени и финансиската моќ на корисниците на услугите, пазарните услови, општата економска состојба на државата, како и финансиската исплатливост во дејноста – се наведува во образложението на предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за автотакси-превоз на патници на подрачјето на градот Скопје и се додава дека причина за пристапување кон предложените измени е зголемувањето на цената на горивата, како и официјалните барања доставени до Град Скопје од страна на такси-компании и здруженија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk