logo
logo
logo

Комшиите ни ги чуваат децата

Табановце: Филипче, ВАКА ИЗГЛЕДА МАСОВНАТА ВАКЦИНАЦИЈА на Македонците

Vecer | 18.06.2021

Табановце: Филипче, ВАКА ИЗГЛЕДА МАСОВНАТА ВАКЦИНАЦИЈА на Македонците

Македонците се вакцинираат масовно, но во Врање и Ниш. Практично, српската влада ја врши обврската на македонското министерство за здравство кое вакцини набавува речиси исклучиво како подарок или донација иако парите од буџетот на македонската влада се трошат но, не за својата намена, а над 20.000 Македонци досега веќе се вакцинирале лично во Србија. Министерот Венко Филипче одамна нема контрола ни план за масовно вакцинирање на Македонците со вакцини купени од македонскиот буџет, иако е сега најголем во историјата на државата.

Сликите од граничниот премин Табановце, денес, со колона автомобили во недоглед и Македонци кои замнуваат на вакцинација во Србија е еден од доказите за тоа како изгледа масовната вакцинација ан Македонците.

Утрово според камерите поставени на граничниот премин „Табановце“ може да се забележи зголемена фреквенција, односни дека стотици автомобили чекаат влез во соседна Србија.

Самиот факт што денеска е неработен ден, а станува збор за петок (работен ден во соседна Србија) македонските граѓани го искористија за бесплатното им*низирање во најблиските градови во Србија како Врање и Ниш.

Македонците масовно се упатуваат кон Србија веќе трета недела по ред, пткако српските власти најавија дека македонските граѓани ќе може да примат дози без никакви документи што го олеснува процесот на им*низација, ниту пак треба да чекаат термин.

https://rs.n1info.com/7def78f5-d95b-4414-9be0-d12ef823a36e

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk