logo
logo
logo

Сведок: СЈО МИ СЕ ЗАКАНУВАШЕ со 10 години затвор

Vecer | 23.04.2021

Сведок: СЈО МИ СЕ ЗАКАНУВАШЕ со 10 години затвор

Случајот „Тортура“ продолжува на 12 мај, кога завршни зборови по овој предмет од СЈО треба да даде Обвинителството, откако на последното рочиште за распит беа сослушани двајца сведоци, предложени од одбраната и со тоа беше исцрпена листата на докази.

На денешното рочиште, кое се однесува на аспењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, на предлог на одбраната беше сослушан Горанчо Тодев, тогашен тим лидер на единицата „Алфа”, кој рече дека околу пладне му се јавил неговиот претпоставен старешина Далибор Трајковски, да се упатат во Министерство за економија, дека ќе се апсат опасни лица. Тие биле поставени во влезот на фабриката Треска.

– Во краток временски период, по врска слушнав „старт” и за кратко време видов лице како излегува од угостителски објект „Воденица”, се стрчува кон автомобилот и фрла некоја ќеса преку неа. Јас се стрчав, по мене и колегите Јован Боцевски и Душко Секуловски. Во тоа растојание, додека трчав, гледав како лицето почна да бега, се фати странично за колата, додека колегите се обидуваа да му стават средства за присилба- лисици, сликовито евоцираше сведокот.

Дополни дека кога пристигнал до колата, лицето било во легната положба.

– Јас кога стигнав, тој беше во легната положба и му направив зафат на десната рака. Со мојата лева рака му ги дадов лисиците на колегата Петар Милошевски и истиот му ги стави лисиците. Понатаму, од страна на нашиот непосреден старешина Далибор Трајковски, истиот го крена уапсениот Љубе Бошкоски и му го предаде на Душко Милошевски. Потоа, по наредба на истиот старешина беше укажано да извршам преглед во возилото. Од моја страна беше извршен преглед и најдени се гардероба, прибор за хигиена, пиштол и една полициска значка на полицаец, кажа сведокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk