logo
logo
logo

Свадби ќе има, ама БЕЗ МУЗИКА И ОРО

Vecer | 04.03.2021

Свадби ќе има, ама БЕЗ МУЗИКА И ОРО

Новите протоколи за рестораните за свадби предвидуваат веселба без музика и да траат само до 21 часот. Како што беше речено музика може да има само за првиот танц.

Сепак, музичарите узичарите не се согласуваат со овој предлог. Со ваквиот начин на работа тие се уште се без ангажман. Велат дека музика во живо треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи.

- Свадбата секако ќе има музика, дали ќе пуштат на радио или ќе викнат музичари на црно, секако ќе има музика. Подобро да биде регуларно, одредено и контролирано отколку да е на црно. Свесни сме дека во рестораните не се играат ора, луѓето седат, но поубав е амбиентот кога веќе се полни рестораните, да си има музика на некоја одредена дистанца, велат музичарите за Сител.

Музичарите реагираат и дека поради корона кризата немаат никакви ангажмани ниту прилив на пари.

Вчера претставниците на рестораните за свадби го изготвија новиот протокол за работа. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска.

Угостителите и свадбарите најавуваат протести следната недела доколку комисијата не ги прифати нивните барања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk