logo
logo
logo

Стојаноска:

Судските институции мора да постапат во случајот со набавката на кинеските вакцини преку фантом фирма за кој има документи за провизии

Vecer | 05.05.2021

Судските институции мора да постапат во случајот со набавката на кинеските вакцини преку фантом фирма за кој има документи за провизии

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието вечерва во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија, во врска со денешното обелоденување на документи за набавката и провизии за кинеските вакцини, порача дека институциите мора да постапат во овој случај и по сите останати случаи за кои се молчи.

-Месечно имаме околу 100 починати, жртви или бројка на починати која е многу поголема можеби од состојба на војна, министерот за здравство би го нарекла како воен профитер за  овој криминал за кој претседателот Мицкоски извади документи, каде се посочува дека се уплатени тие 7.8 милиони евра, вели Стојаноска.

Таа посочи дека имаме состојба во која илјадници луѓе ни умреа од Ковид кризата и во состојба во која имаме повеќе од четири месеци доцнење од започнувањето на вакцинацијата,  Македонија е земја која бележи најголем број на починати, а најлошо се справува со вакцинацијата.

Мислам дека треба да се плаши тој за кого се зборува дека извршил криминал, а институциите треба да си поведат постапки и не само за овој случаи, туку за многу случаи за кои се молчи, а има случаи за кои се вели дека нема криминал, а се докажува спротивното, така беше и со случајот со Рашковски, за кој Заев велеше дека нема криминал со софтверот, а сега се терети за криминал, а тоа е можеби обид за прикривање на криминал или вмешаност за криминал, појасни Стојаноска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk