Случајот „Триста" падна во нејзини раце

Судијката од бомбите, Лидија Петровска, доби трет предмет на СЈО

Случајот „Триста" на специјалното јавно обвинителство ќе го суди судијката Лидија Петровска, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Случајот „Триста" на специјалното јавно обвинителство ќе го суди судијката Лидија Петровска, соопшти Основниот суд Скопје 1.

„Обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите (СЈО), означен како „Триста", кој беше одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт и врз основа на кој е оформен предмет со КОК бр. 40/17, согласно АКМИС, по електронски пат е распореден за понатамошно постапување кај судијата Лидија Петровска од одделот за гонење организиран криминал и корупција, која главната расправа ја закажа за 15 ноември 2017 година, во 10.30 часот, за кога се испратени покани за странките во постапката", пишува во соопштението од судот.

Судијката Петровска случајот го добила преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судски предмети (АКМИС), за кој во извештајот на Прибе беа нотирани сомнежи за местење предмети. Почетокот на судењето е закажан за 15 ноември во 10.30 часот. Во овој случај обвинет е помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кој се товари дека со набавка на 300 возила за МВР го оштетил буџетот за 453.570 евра, бидејќи тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на компании кои не дале најевтина понуда.
Петровска, преку АКМИС-системот, претходно ги доби случајот „Тврдина 2", во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кој е во бегство, и случајот

„Транспортер", во кој што, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и уште 21 лице се обвинети за злоупотреби повразни со превозот на ученици во градот. Петровска беше спомената во една од „бомбите" што ги објави СДСМ. Новоизбраната судијка Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, разговараат дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „Сваровски" за тогашната претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Поврзани

Најнови вести

Коментари