Судијката Лидија Димчевска е нова в.д. претседателка на скопска Апелација

Судскиот совет ја назначи судијката Лидија Димчевска за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд во Скопје. Димчевска работи на предмети од граѓанската област. Во биографијата на судијката е наведено дека во 2001 година била избрана за судијка во Апелациониот суд Скопје, каде што сè до септември 2004 година постапувала по граѓански предмети.

Димчевска до декември 2005 година постапувала по работни спорови, а од јануари 2006 година повторно постапувала по граѓански предмети и е претседателка на совет. Избрана е и учествува како ментор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на Република Македонија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари