Судијата Панчевски утре ќе дава исказ како оштетен во претресот кој му го направи СЈО

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, кој суди во одделот за прекршоци, утре е повикан во Основното јавното обвинителство да даде исказ за претресот на неговиот дом, кој го направи СЈО, потврди тој за „Макфакс“.

„Повикан сум како специјален сведок оштетен во постапка против СЈО за незаконскиот претрес врз мене и мојот дом“, рече Панчевски.

Панчевски, во октомври минатата година, обвини истражител на СЈО дека при претресот во неговиот дом, му го украл клучот. Панчевски го темелеше тврдењето врз видео-снимка од надзорна камера во неговиот дом, која беше објавена и во медиумите. Експретседателот на Кривичниот суд смета дека ова видео е доказ за начинот на кој работи СЈО и како што вели, притисоците што се вршат врз него, но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги. Тој тврди дека претресот на СЈО кај него е незаконски, зашто наредбата ја донела судијка од Гевгелија, која, како што вели, и’ била пријателка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а судот бил месно ненадлежен.

В. Маглешов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари