Судењето за 27 април прекинато, му се слоши на еден од обвинетите

Судењето за упадот во Собранието на 27 април минатата година е прекинато затоа што му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ. Судијката Добрила Кацарска даде пауза од половина час.

Пред да биде прекинато судењето, исказ како сведок даде пратеникот Ферид Мухиќ. Тој рече дека имал блиска средба со еден од напаѓачите во Собранието на 27 април 2017 година. „Го фрли тркалото од ногалката од металното столче, јас се наведнав и тркалото се распадна во ѕидот“, сведочеше Мухиќ. Пратеникот рече дека напаѓачот бил неверојатно силен и прецизен како атлета и го гледал со омраза иако почувствувал дека нема ништо лично против него.

„Добив впечаток дека станува збор за команден штаб, бидејќи разговараа хиерархиски со наредби“, се присети Мухиќ. Според него, присутните прашувале што станало со Зијадин Села и откако добиле одговор дека е готов, некој прашал: „Што е со останатите?“

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари