logo
logo
logo

Студено и ветровито денеска, пристигнува и снежен бран

Vecer | 30.01.2023

Студено и ветровито денеска, пристигнува и снежен бран

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 5 степени. И во наредните денови следува период на променливо облачно и студено време. Во вторник локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. В среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи, претежно од снег.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk