Стружанец одзел над милион денари од иселеник со ветување дека ќе му изгради куќа во Германија

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 43-годишник од струшкото село Лабуништа под сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Како што информираат од МВР, пријавениот го сторил делото на 16. ноември минатата година при средба со 53-годишен Охриѓанец со привремено престојувалиште во Германија. Пријавениот го довел во заблуда оштетениот С.Ј. ветувајќи му дека може да му изгради куќа во Германија.

Притоа, со писмена изјава, тој примил 5.000 евра капар, а по извесно време и дополнителна сума на пари.

Кога оштетениот се вратил во Охрид, во текот на минатиот месец, и се обидел да се сретне со сега пријавениот, сфатил дека е измамен. Со извршувањето на делото, 43-годишникот од Лабуништа се стекнал со противправна имотна корист од 1.230.000 денари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари