logo
logo
logo

Струшкиот огранок на Демократскиот сојуз на Власите ја раскина соработката со СДСМ, бараат и избори за нов претседател на партијата

Vecer | 24.09.2021

Струшкиот огранок на Демократскиот сојуз на Власите ја раскина соработката со СДСМ, бараат и избори за нов претседател на партијата

Раководство на Општинската организација на Демократскиот сојуз на Власите од Струга, ја раскина соработката со СДСМ поради неисполнети ветувања кон нив изминативе 4 години. Овој  потег предизвика на реакција на централата од Скопје, од каде што претседателот Николче Бабовски изјави дека тоа е лажна вест и дека е обид на опозицијата да манипулира пред избори.

Сепак од струшкиот огранок се огласија повторно.  Реакцијата на Раде Настоски-Мазат, претседател на ДСВМ-Струга“ ја пренесуваме во целост:

„Не можевме да останеме рамнодушни на т.н демант од страна на претседателот на ДВСМ господинот Николче Бабовски кој во очигледен очај напишал неколку небулози кои наместо да го одбранат уште повеќе го демантираат.

Му се обраќам лично нему: Господине Бабовски  известувањето за раскинување на коалицијата не е творба на еден човек туку на цело претседателство на струшкиот огранок со кој претседателствуваш, а твојот таканаречен демат се гледа дека си го пишувал во паника и под голем притисок па ете во интерес на јавното информирање на членството и граѓаните бараме да одговорите на следниве прашања:

  • Прво, без факти аргументи рековте дека ги осудувате лагите и невистините изнесени од самоназначените челници на општинската организација. Па прашуваме:

Дали е лага дека на листата за советници на СДСМ нема ниту еден претставник од нашата заедница?

Дали е вистина дека во месец јули 2020 година Ви испративме писмо дека струшкото членство со 90%  гласови „ЗА“ избра ново (пет члено) раководство на општинскиот огранок?

Дали е точно дека списокот  со членовите на партијата кои се регистрирани од страна нотарот Сашо Ѓурчиноски од Струга со своерачни потписи кои дадоа согласност за новото раководство ви беше пратен во истото писмо?

Дали е точно дека со истото писмо Ве прашавме дали има смисол нашето коалицирање со СДСМ Струга кога тие упорно не одбиваат?

Дали е точно дека сиве 4 години на назад повеќе од 20 пати бараме средба со раководството на СДСМ-Струга како коалициски партнер на локално ниво а тие не одбегнуваат?

Дали е точно дека за минатите локални избори на соастанокот во Скопје остро реагиравме поради тргувањето од ваша страна со тогашниот секретрар Кирацовски, во Струга да не ни се даде советничко место на сметка на друга општина? (тогаш ни одговоривте дека ние на локално ново мора сами да се избориме)

Дали сте доблесен да признаете дека уредно ве поканивме согласно статутот на партијата да дојдете во Струга и да ни го презентирате договорот за коалицирање со владеачката гарнитура?

Ако пак не сте, тогаш можеме и јавно да ги објавиме документите кои ги архивиравме. Ние сме сериозна партија а не тамбурашка дружина како што сакате да не направите за да го спроведете своето самоволие.

  • Второ, во вашиот демант велите дека  „ се работи за човек кој веќе не е дел од партијата  (Претпоставувам дека се однесува на мене Раде Настоски-Мазат легално избран претседавач ДВСМ Струга“ )

Па ви одговарам дека:

Согласно законот за политички партии и статутот на ДВСМ не можеш да избркаш член со демант! За да го направиш тоа треба да спроведеш постапка пред надлежен орган на партијата, да ми доставиш уредна пријава, по која имам права на одбрана пред дисциплинската комисија која дава конечна одлука за статусот на членот. Такво нешто нема а нити пак имало!

За горенаведените прекршувања на законите од ваша страна по „допрен глас“ треба да се позанимаваат и одредени државни институции како и антикорупциската комисија.

Трето: велите ќе има соодветни пријави за лажно претставување, на кое ќе ви одговорам на следниов начин:

Вашиот мандат е со изминат рок на важење веќе осум години, Вие согласно законот веќе не сте претседател на ДВСМ , вие моментално вршите техничка должност со која можете само да органзирате избори за органи и тела на партијата. Флагрантно го кршите законот за политички партии со тоа што  на членовите на партијата им го ускратувате правото  за учество во градење на политиките на партијата, правото да избираат и бидат избрани, правото да бидат редовно информирани за активностите на партијата затоа што досега не сме разгледале ниту еден протоколарен и финансиски извештај за вашата работа. Ако некој  лажно се претставува тоа сте вие господине Бабовски и ве охрабрувам да поднесете пријава.  А знаејќи дека истиов однос го имате и со останатите општински организации низ државава ги повикувам да организираме изборно собрание каде ќе можеш да побараш поддршка ако имаш лице да се појавиш пред сите нас.  Со почит онолу колку што заслужувате.“ стои во реакцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk