logo
logo
logo

СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПУВА, потврди Заев

Vecer | 20.05.2021

СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПУВА, потврди Заев

Ќе поскапува цената на струјата во Македонија. Тоа го потврди и премиерот Зоран Заев кој за „Утрински брифинг“ рече дека ако сакаме зелени програми, цената на струјата мора да расте.

- Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј, рече Заев.

Тој нагласи дека граѓаните треба да знаат дека сите инвестиции кои државата ќе ги прави во фотоволтаици, ветерници, гасни централи ќе чинат пари.

Заев проговори и за средбата со шпанскиот премиер, Педро Санчез кој укажал дека 142 милијарди добиле од рикавери планот на Европа.

- 45% ќе оди за енергетика, 25% дигитализација. Во пандемијата најважни теми се инвестирање се обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, заштеда на енергија и дигитализацијата. Така што и ние како останатиот дел од светот сме таму насочени. Во Грција се отвораат многу перспективи, разговараме со големи брендови. Морам да ја спомнам и нашата инвестиција во Александропули, изјави Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk